На 30 јули, кога православната црква го чествува денот на Света Марина, кај народот позната како Огнена Марија, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Света литургија во храмот посветен на „Св. Марина“ во с. Зубовце – Гостиварско.
По литургијата во сослужение на свештеници од Гостиварското архиерејско намесништво бил извршен водосвет и благословување кумските лебови.








