Бугарската црква не оди ниту за литургијата на Крит

Date:

Share post:

Бугарската православна црква уште еднаш ја потврдила одлуката да не оди на Крит. Овој пат тоа се однесува и за повикот на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, кој ги повика четворицата поглавари да дојдат на заедничката литургија за последниот ден од Соборот , во недела за празникот Сите Светии.

Сепак, како што пишува „Двери.бг“ овој пат одлуката за бојкот не била едногласна. Против нејзе гласале Митрополитите на Варна, Јован и Неврокопскиот Серафим.

Двајцата владици, со одлука на Синодот на БПЦ учествуваа во предсборните советувања и во подготовката на БПЦ за православниот Собор на Крит.

Тие последните месеци се залагале дека БПЦ треба да учествува во Соборот, за да не се разбива единството на светото Православие.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img