Верски календар: 12 јуни
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Иван од Факунда.
Се родил во 1430 година во шпанската покраина Леон. Своето школување го завршил во шпанскиот град Саламанка. Сериозно се подготвувал за свештенички живот и за проповедничка служба. Станал познат како светец и како проповедник на Господовите зборови. Како голем миротворец, со своите проповеди се обидувал да ги смири несогласувањата меѓу луѓето во Саламанка. Покрај тоа, им помагал на болните луѓе и на сиромашните. Свети Иван умрел во 1479 година.

