Почетна Вести Христијаните и самарјанските евреи со поддршка за муслиманите во врска со езанот
Христијаните и самарјанските евреи со поддршка за муслиманите во врска со езанот

Христијаните и самарјанските евреи со поддршка за муслиманите во врска со езанот

255
0

 

Самарјанските евреи и христијаните кои живеат во Палестина, со протест против обидот на Израел да го забрани езанот им дадоа поддршка на муслиманите, јавува новинската агенција Анадолија (AA).

Со одобрувањето на предлог-законот за забрана на повикот на молитва – езанот преку звучници, Законодавно-правната комисија на израелскиот Парламент (Кнесет) предизвика голема реакција не само кај муслиманите, туку и кај христијаните, како и меѓу самарјанските евреи кои живеат во Ерусалим и на Западниот Брег.

Хусну Васиф Eс-Самири, рабин на самарјанските евреи кој живее во градот Наблус на Западниот Брег, изрази жалење во врска со интервенцијата на Израел за езанот, и за АА рече: „Слободата на религијата е слобода подарена на човештвото од страна на Господ, и никој нема право да се меша во тоа. Езанот е повик за величење на Господ. Спротивставувањето кон ова е голем криминал“.

„Не можеме да се чувствуваме безбедни на место каде што нема езан“, истакна Ес-Самири дека како што се против мешањето во нивните обреди, тие се и против мешањето во верските обреди, како во исламот, така и во христијанството.

„Ние, како самарјански евреи не можеме да се чувствуваме безбедни во место каде што нема езан. На местото каде што не се величи името на Господ, ние сметаме дека сме во голема опасност. Никој нема право да интервенира врз повикот што го величи Бога. Поради тоа, ние сме против забраната за езанот преку звучници. Ние, евреите, христијаните и муслиманите, како семејство на човештвото имаме потреба за славење на Господ, особено во овие тешки денови. Ние дефинитивно сме против тоа, и никогаш не го оправдуваме“, вели Ес-Самири.

Ес-Самири истакна дека го осудуваат обидот на Израел да го стивне езанот во Ерусалим и во останатите израелски градови, истакнувајќи дека тие секогаш се за слободата на религиите што го величаат Бога, и дека тие на тој начин ги едуцираат своите деца.

„Величењето на името Божје, и почитувањето на Бога се заеднички, основни принципи за евреите, христијаните и за муслиманите. Уште еднаш сакам да нагласам дека го осудувам секој акт против исламот“, додаде тој.

Предлог-законот, во јавноста познат како Забрана за езанот, во изминатите месеци беше во преден план, но неколкумина израелски пратеници се спротивставија на овој предлог-закон, истакнувајќи дека оваа забрана може да го опфати и дувањето во рог, наречен „шофар“, кој се користи во некои еврејски ритуали.

езанЗа овој случај, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги започна работите за повторна регулација на овој предлог-закон кој би бил во нивен интерес. Предлог-законот се смени на тој начин што се забрани повикот на молитва – езанот преку звучници од 23.00 до 07.00 часот

Во случај овој закон да влезе во сила, џамиите што нема да го почитуваат законот со кој ќе се забранува повикот за утринска молитва преку звучници, ќе бидат казнети со парична казна од 1.200 долари.

Предлог-законот кој предизвика реакции кај Палестинците, како и во исламскиот свет, претходно неколкупати беше на дневен ред, но не беше даден на гласање во Кнесетот. Израелскиот премиер Нетанјаху истакна дека го поддржува предлог-законот за забрана на езанот.

Овој предлог-закон за забрана на повикот за молитва – езан, на утринската молитва преку звучници, подготвен од страна на израелските пратеници од екстремната десница, минатата недела беше изгласан од страна на комисијата на Министерството за законодавно-правни работи, а се очекува да биде даден на гласање во израелскиот Парламент, Кнесет.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *