Почетна Вера МПЦ-ОА 17 годишниот Ѓорѓи го фати крстот во Скопје, спасувачите со јажиња вадеа скокачи од Вардар
17 годишниот Ѓорѓи го фати крстот во Скопје, спасувачите со јажиња вадеа скокачи од Вардар

17 годишниот Ѓорѓи го фати крстот во Скопје, спасувачите со јажиња вадеа скокачи од Вардар

700
0

17 годишниот Ѓорѓи Николовски од Скопје го фати светиот крст во водите на Вардар. На централната манифестација за Водици, тој најбрзо исплива меѓу 157-те пријавени кои скокнаа од кејот. Доби подароци од МПЦ, градот Скопје и повеќемина спонзори кои му посакаа добро здравје и многу успеси.

Чествувањето почна од храмот „Рождество на пресвета Богородица“ каде со божествената литургија чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ. Тука голем број верници во редица чекаа за да си наполнат осветена вода.

Потоа, со црковна поворка крстот беше донесен до мостот „Слобода“ од каде архиепископот порача дека на Богојавление се слави јавувањето на Бога пред човечкиот род.

Да се плива во надојдениот Вардар не беше ни малку лесно. Надојдената и студена вода им го отежна пливањето на скокачите, па спасувачките екипи ги извлекуваа со чамци и јажиња.

На манифестацијата дојдоа илјадници граѓани, како од Скопје, така и од другите градови. Присутно беше и засилено полициско обезбедување.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *