Денеска во Скопје почнува Десеттиот самит на верските лидери на Балканот, кој годинава е во организација на Исламската верска заедница, во соработка со Претседателството за верски прашања на Турција.
Темата на овој самит на верски лидери е „Улогата и влијанието на верските заедници во зајакнувањето на културата на соживот во земјите на Балканот“.
Синоќа поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи, организираше официјален прием за верски лидери од 14 земји од Балканот.
-Приемот се одликуваше со висока институционална и братска атмосфера, одразувајќи ја заедничката посветеност за продлабочување на меѓурелигискиот дијалог, зајакнување на соработката и промовирање на мирот и разбирањето во регионот. Овој самит се смета дека претставува важен чекор во унапредувањето на улогата на верските заедници како фактори на стабилност и мостови на поврзување меѓу народите на Балканот, велат од ИВЗ.

