Почесниот конзул на Канада на средба со архиепископот Стефан

Date:

Share post:

„60 икони на Мајката Божја“, дело на француската историчарка на уметност и професорка на Collège des Bernardins во Париз, Аријан де Сен-Марк, доживеа македонско издание преку, Анета Антова-Пешева, генерална менаџерка на групацијата на компании „Ултра-Унет“ и почесен конзул на Канада во Македонија.

Изданието на книгата било повод за нејзина средба со Архиепископот
г.г. Стефан, а на средбата во Архиепископијата присуствувале и епископот Хераклејски Климент и новоизбраниот Митрополитот на Австралиско – Новозеландската епархија Никола.

Пешева на фејсбук сподели дека срдбата била исклучително значајна.

-Разговаравме за нашето вековно духовно и културно богатство, наследство кое го носиме повеќе од 12 векови, но и за нашата обврска да го зачуваме и да го пренесеме на младите. Зашто без вера, вредности и идентитет, ни нема иднина. Повод за оваа средба беше книгата „60 икони на Мајката Божја“, која со многу љубов ја издадов, дело на француската историчарка на уметност и професорка на Collège des Bernardins во Париз, Аријан де Сен-Марк. Овој проект не би бил можен без поддршката на покојниот Тихомир Јанчовски и професорката Елизабета Димитрова, на кои им должам искрена благодарност и почит. Особено ме допреа честитките и зборовите на поддршка кои ги добив, како потврда дека кога нешто се создава со срце, тоа допира до луѓето. Верувам дека ваквите дела не се само книги, туку мост меѓу минатото и иднината, а и светлина која треба да ја води нашата Македонија напред, напиша Пешава на Фејсбук.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img