Почетна Вести 1000 православни теолози потпишаа петиција за одржување на Соборот
1000 православни теолози потпишаа петиција за одржување на Соборот

1000 православни теолози потпишаа петиција за одржување на Соборот

214
0

Повеќе од 1000 православни научници од целиот свет ја потпишаа петицијата за одржување на Светиот и Голем Собор на Православната црква идната недела на островот Крит.

sepravoslaven sobor slikaВо петицијата испратена до сите поглавари на 14-те автокефални помесни православни цркви, теолозите пишуваат дека се загрижени за единството на Православната црква и затоа го поддржуваат договорот меѓу Поглаварите на помесните Цркви од јануари 2016 година за организација на Светиот и Голем Собор на Крит.

Православните теолози од целиот свет им пишуваат на Поглаварите дека веруваат оти и покрај значајните прашања кои се покренати во врска со нацрт соборските документи, не постојат непремостливи потешкотии Соборот да почне со работа во јуни.

-Ние го признаваме легитимитетот на некои од прашањата, како што е барањето повторно да се отвори расправа за нацрт соборските документи. Исто така се согласуваме дека постојат и многу други проблеми кои се однесуваат на Црквата во XXI век кои бараат идно сеправославно внимание. Уверени сме сепак, дека најдобро место за решавање на тие значајни спорови денес, исто како што беше во древните времиња, е самиот Собор. Уште едно одлагање на Соборот би значело неспособност да живееме во склад со начелото на соборноста на вселенско ниво, пишува во петицијата потпишана од повеќе од 1000 православни теолозиц.

Тие потенцираат дека не очекуваат оти Соборот ќе ги реши сите важни прашања, но се надеваат дека овој Собор ќе биде почеток на процесот кој ќе ја внесе црквата во една нова ера на вселенската соборност.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *