Заедничкото сослужување на поглаварите Порфириј и Стефан е чин на помирување, смета Вартоломеј

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која беше ставен крај на 55-годишниот раскол, само неколку дена по одлуката на Фанар да ја прифати Охридската архиепископија во канонска и евхаристичка заедница, пренесе 360 Степени.

На средба со професори и студенти од Богословијата „Св. Петар Цетињски“, кои се во посета на Вселенската патријаршија, патријархот Вартоломеј рече дека сослужувањето на српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски Стефан со право може да се оцени како чин на помирување и соработка кој се случи, како што наведе, само неколку дена по неговата историска одлука во однос на црквата во Северна Македонија.

„Преку вас ја поздравувам светата црква на Србија и срдечно го прегрнувам нејзиниот поглавар, најљубениот и блажениот патријарх г. Порфириј. Нашите две цркви се поврзани со свети и неуништливи врски, на заедничка вера и заеднички борби, и врски на љубовта на мајката кон својата сакана ќерка, кои според апостол Павле, никогаш не пропаѓаат“,

истакна вселенскиот патријарх.

Тој ја нагласи и радоста на, како што посочи, Мајката црква во Константинопол по „историската одлука“ на нејзиниот Синод за враќање на Охридската архиепископија во евхаристичка заедница, што го отвори патот за помирување со СПЦ и воспоставување на мирот и поредокот на Балканот.

Заедничката литургија во Белград на двете цркви се случи на 19 мај, а денеска делегација на СПЦ предводена на патријархот Порфириј треба да пристигне во Скопје со цел утре тие да сослужуваат заедничка литургија и во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Архиепископот на Финска во посета на Патријаршијата на Грузија

Митрополиот Шио (Мужири), местобљустител на патријаршискиот престол и Митрополит на Сенаки и Чхоротску, го прими Архиепископот Илија од...

Патријархот и националистите на ист пат: Литија како сигнал за нова православна политика

Во руската престолнина пред извесно време се одржа голема православна литија по повод верскиот празник Собор на московските...

Одбележана 565-годишнината од пренесувањето на моштите на светиот крал Милутин во Софија

Српската и Бугарската православна црква заедно одбележаа 565 години од пренесувањето на моштите на светиот српски крал Милутин...

Јубилејна литургија по повод 50 години од осветувањето на храмот „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

На 9 ноември 2025 година, по повод 50-годишнината од осветувањето на храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во...