Почетна Анализа Владиката Наум одговори зошто БПЦ може и треба да ја признеа МПЦ
Владиката Наум одговори зошто БПЦ може и треба да ја признеа МПЦ

Владиката Наум одговори зошто БПЦ може и треба да ја признеа МПЦ

1.73K
0

Голема лага е дека Вселенскиот патријарх веднаш ќе го прекине евхаристиското единство и сослужување со Бугарската православна црква / БПЦ / ако таа влезе во евхаристиско единство со Македонската православна црква – Охридска архиепископија / МПЦ – ОА /.

Ова во посебен анализа за БГНЕС го изјавува струмичкиот митрополит Наум, ден пред Бугарската патријаршија да го разгледа писмото на МПЦ.

Во продолжение анализиата на Митрополитот г. Наум

За нејаснотиите околу врската помеѓу Бугарската православна црква и Македонската православна црква – Охридска архиепископија:

  1. Барањето на МПЦ да ја прифати БПЦ како “Црква-Мајка” – како услов за признавање на автокефалноста на МПЦ – ОА, е барање што со години слушаме од некои бугарски архиереи. Ова барање МПЦ го смета за нормално, логично и неопходно, бидејќи некоја црква и без тоа треба да стане “Црква-Мајка”, за да не извади од изолацијата, која ни е наметната од Српската православна црква / СПЦ / и која потоа ќе не заштитува и претставува пред Вселенскиот Патријарх и други православни Цркви. Најприродно е да се биде БПЦ. “Црквата-Мајка” не е поврзана толку со минатото, како шт е со една заедничка иднина во името на Богочовекот Христос. “Мајка Црква” значи љубов.
  2. Од моментот кога БПЦ ќе ја признае автокефалноста на МПЦ – ОА, двете цркви стануваат “сестрински цркви”. Тоа значи дека тие ќе бидат рамноправни, но улогата на БПЦ како “Црква-Мајка” не запира само во однос на другите православни цркви. БПЦ и понатаму ќе има чест пред Бога да не заштитува, претставува и презентира пред Вселенскиот патријарх и останатите православни цркви, додека МПЦ не добие “томос за автокефалност” од Вселенскиот патријарх. Врската со “Црквата-Мајка” не запира само со чинот на самото признавање, туку продолжува вечно – како почит, благодарност и љубов.
  3. Некои луѓе од Бугарија велат: “Зошто ќе ни се две цркви, кога и од двете страни на границата живее ист народ?” Дури и да е така, ќе потсетиме дека грчкиот народ, иако е еден, има пет цркви: Александриската, Ерусалимската, Кипарската, Грчката и Вселенската патријаршија.
  4. МПЦ-Охридска архиепископија е канонски независна, слободна и црква, која не е под канонска јурисдикција на никого. Оваа своја самостојност МПЦ добива со Одлука на СПЦ од 1959 година, во кое се вели: “Светиот Архиерејски собор констатира: дека епархиите Скопска, Охридско-битолски и Злетовско-струмички на црковно-народен собор, одржан на 4-6 октомври 1958 год . во Охрид, се оодделуваат во самостојна Македонска православна црква, која се управува со Устав, усвоен на овој собор … “а во точка 6 се вели:” со оваа одлука се укинуваат одредбите на Уставот на Српската православна црква за епархиите и архиереите на територијата на Народна Република Македонија. Така што, БПЦ со признавањето на Македонската православна црква, или со сослужување со нејзините епископи, не се меша во ничија канонска јурисдикција.
  5. Воспоставувањето на евхаристиско единство меѓу БПЦ и МПЦ – ОА е природен резултат и од Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Република Македонија и е во согласност со евроатлантските интеграциски процеси кон кои со помош на Бугарија се стреми Република Македонија. Затоа, оние што се противат на ова единство, исто така, се противат на горенаведените процеси. Соодветните служби треба да проверат дали овие луѓе работат за туѓи интереси на интересите на двете страни, или тоа го прават од незнаење. Според светите Отци, незнаењето е најголемо зло.
  6. Голема лага е дека Вселенскиот патријарх веднаш ќе го прекине евхаристиското единство со БПЦ, ако БПЦ влезе во евхаристиско сослужување со МПЦ – ОА. Прво, Вселенскиот патријарх е свет човек и се грижи за единството на Црквата и нејзините отворени рани. На второ место, како по правило, би испратил писмо до БПЦ, барајќи објаснување на нејзинииот потег. Трето, би сакал да се инволвира со решавањето на недоразбирањата во црквата, а не да зазема страна. Четврто, ако случајно на Вселенскиот патријарх не му се допадне потегот на БПЦ, што ние не веруваме, тој би испратил второ писмо со барање за престанок на евхаристиското сослужување меѓу БПЦ и МПЦ – ОА. Петто, ако БПЦ и МПЦ – ОА не го послушаат, кое нема да се случи, тој мора да свика т.нар. Мизон Синод со претставници – епископи од други помесни Православни Цркви, на кој ќе треба да биде решена новонастанатата ситуација и др. Ако Вселенската патријаршија сакаше да ја прекине комуникацијата со БПЦ, неучеството на бугарската црква на Критскиот Собор е многу посериозен аргумент за тоа отколку комуникација со МПЦ-ОА
  7. Конечно, во светлината на глобализацијата, е поверојатно, да не молат да влеземе во единство со православните цркви, или дури и да не натераат насила отколку да продолжиме да бидеме изолирани. Во случај на брзо решавање на спорот што Грција го има со нашето име, со сигурност ќе се реши и статусот на МПЦ, а БПЦ ќе сфати дека пропуштил пред Бога.

Пишува: Наум – Митрополит Струмички

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *