Почетна Анализа ДНЕВНИК: Духовникот на Путин и викар на Рускиот Патријарх доаѓа во Македонија
ДНЕВНИК: Духовникот на Путин и викар на Рускиот Патријарх доаѓа во Македонија

ДНЕВНИК: Духовникот на Путин и викар на Рускиот Патријарх доаѓа во Македонија

2.12K
2

Руски епископ Тихон Шевкунов, викарен епископ на рускиот Патријарх и достоинственик кој неофицијално се смета за духовник на рускиот претседател Владимир Путин доаѓа во дводневна посета на Македонија, пишува дневниот весник „Дневник“

tihon-1Овој висок претставник на Руската православна црква, според сознанијата на „Дневник“  доаѓа на лична покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов и негов гостин ќе биде во текот на посетата.

Иако со карактер на приватна, сепак ова е прва посета на некој висок достоинственик на Руската православна црква која се случува во периодот во кој се очекува обновувањето на меѓу црковните преговори меѓу Македонската и Српската православна црква, а во кои Московската Патријаршија треба да биде посредник. Засега не е познато каква се агенда домаќините ја предвиделе за високиот гостин чија кариера во хиерархијата на РПЦ последниве години оди со забрзано темпо.

„Дневник“ неофицијално дознава дека еден од важните настани ќе биде промоција на македонското издание на неговото дело „Несвети, а свети“, кое кога беше издадено во Русија во 2011 година стана вистински бестселер и беше продадена во милион примероци. Ова дело е збирка на вистински приказни од животот на монасите и многу познати луѓе.

Епископот Тихоин, Путин и Рускиот Патријарх
Епископот Тихоин, Путин и Рускиот Патријарх

„Дневник“ пишува дека се уште нема информации дали во текот на посетата ќе се случат некои контакти и средби на овој епископ со достоинствениците на Македонската православна црква со цел да се разменат гледиштата околу проблемот со признавањето на македонската црковна автокефалност, но според изворите на „Религија“ неформални срдби со врвот на МПЦ најверојатно ќе има.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов има мошне добри релации со врвот на Руската православна црква, а тоа посебно се покажа во текот на неговата посета на Русија и средбата со рускиот патријарх Кирил во 2014 година. Во таа прилика рускиот патријарх потенцира дека „со обновата на канонскиот статус на МПЦ ќе се обезбеди зачувувањето на македонскиот национален, културен и верски идентитет“. Патот до ова, како што кажа, води преку братски дијалог со СПЦ.

Ваквата изјава од страна на достоинстевниците на МПЦ-ОА беше оценета како недвосмислено поместување на руските позиции во однос на меѓуцрковниот спор на Скопје и Белград. Оценето е дека тоа е важен сигнал што е даден во целата ситуација од страна на рускиот Патријарх и нивна желба да се вложат во дијалогот што сега е прекинат.

Набргу по ова се случи и мисијата на митрополитот Иларион Алефеев кој издејствува ослободување на Јован Вранишкоски од затвор, а тоа беше клучен услов СПЦ да се согласи на обновувањето на преговорите.

Деновиве, односите меѓу МПЦ и СПЦ доживеаја одредена нагорна линија откако Синодот на МПЦ реши на СПЦ да и подари мало парче од моштите на големиот светител Јован Владимир за новата црква во Бар.

Инаку, во руските медиуми мошне често се следат активностите на овој епископ при што тој најчесто се врзува за рускиот претседател Владимир Путин. Во руските медиуми може да се прочитаат и текстови во кои се прогнозира дека тој би може да бие и следен руски патријарх со оглед на тоа што минатата година стана епископ.

Путин и епископот Тихин, од времето кога беше Архимандрит
Путин и епископот Тихин, од времето кога беше Архимандрит

Официјален Кремљ досега не потврдил дека тој навистина му е духовник на Путин. Портпаролот на рускиот претседател Димитриј Песков неодамна ниту потврди ниту ги негира извештаите во медиумите околу тоа.

-Исповедник или духовен татко тоа не можам да кажам. Тој е доста познат како научник и јавна личност. Се разбира, тој се познава со претседателот, учествува во разни проекти, изјави Песков.

Инаку, овој епископ е роден во 1958 година, а се замонашил во 1991 година. Освен што е викарен епископ на рускиот патријарх тој е и игумен на познатиот Сретенски манастир во Москва и секретар на патријаршискиот совет за култура на РПЦ. Пред да се замонаши дипломирал на отсек за сценарио на Факултетот за кинематографија. Како резултат на тоа автор е на повеќе како книжевни така и филмски дела. Посебно е значајна неговата улога која ја имал во помирувањето и обединувањето на Московската патријаршија и Руската задгранична црква. Носител е на повеќе државни награди и признанија.

/ДНЕВНИК

Коментар(2)

  1. Цело време пишувате дека македонскиот калуѓер Методиј од Валаамскиот манастир е духовник на Путин, сега пишувате дека тоа е епископот Тихон, не се надевајте многу на Руското посредниптво, патријархот Кирил убаво кажал дека проблемот треба да се реши со СПЦ, а таа инсистира Г. Вранишкпвски да биде главниот-архиепископот на МПЦ, – фантазија од нивна стран. а следен руски патријарх ке биде Иларион Алфеев, по патријархот Кирил, тој е најмоќниот митрополит во РПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *