Почетна Вести Христијанство Владиката Јосиф на средби со владици на Киевската Патријаршија
Владиката Јосиф на средби со  владици на Киевската Патријаршија

Владиката Јосиф на средби со владици на Киевската Патријаршија

330
0

Македонска црковна делегација предводена од Кумановско-осоговскит митрополит г. Јосиф била во посета на Украинската православна црква – Киевска Патријаршија, која исто така е една од непризнаените цркви во православниот свет.

Митрополитот Јосиф имал средба со Секретарот на Синодот на Украинската православна црква – Киевски патријархат Архиепископот Чернигивски и Нижински г. Евстратиј, но и со Патријаршискиот намесник, митрополитот Перејаславски и Белоцерковски г. Епифаниј – ректор на Киевската православна богословска академија.

-На средбата се разговараше за моменталната состојба и последните случувања во животот на двете цркви. Особено внимание беше посветено на богословското образование и едукацијата на идните свештеници, стои во соопштението на Кумановско-осоговската епаархија.

Владиката Јосиф го посетил и манастирот на свети Архангел Михаил во Киев. На средбата двете делегации размениле и подароци. Митрополитот Јосиф на Академијата ѝ подарил икона на свети Климент Охридски, кој е патрон на Македонската православна црква, а митрополитот Епифаниј на гостите им подари дел од изданијата на Академијата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *