Почетна Вести Рускиот владика Тихон ќе има средба со Архиепископот Стефан
Рускиот владика Тихон ќе има средба со Архиепископот Стефан

Рускиот владика Тихон ќе има средба со Архиепископот Стефан

1.70K
0

Викарниот епископ на рускиот патријарх, Тихон Шевкунов, кој утре доаѓа во посета на Македонија на лична покана на претседателот Ѓорге Иванов, ќе има средба и со врвот на Македонската православна црква, дознава „Дневник“.

Arhiepiskopija MPCСпоред неофицијалните информации тој треба да се сретне со поглаварот на МПЦ, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, придружуван од уште двајца други владици.

Средбата, најверојатно ќе се одржи во Охрид до вторник кога завршува престојот на високиот гостин од Московската патријаршија во Македонија.

Претходно, тој ќе посети повеќе македонски манастирски светилишта во овој регион, меѓу нив Бигорскиот, манастирот во Рајчица, како и манастирот „Свети Наум Охридски“.

Иако  се уште не е познато за што се ќе се разговара на средбите со претставниците на МПЦ, но сосема извесно е дека меѓу темите ќе биде и улогата на Руската православна црква во очекуваното обновување на дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *