Почетна Вести Христијанство Синодот на БПЦ следната недела ќе го разгледува писмото од МПЦ-ОА
Синодот на БПЦ следната недела ќе го разгледува писмото од МПЦ-ОА

Синодот на БПЦ следната недела ќе го разгледува писмото од МПЦ-ОА

570
0

Синодот на Бугарската Православна Црква од следната недела ќе го разгледува писмото што Архиепископот г.г. Стефан го испрати со барање за воспоставување литургиско единство меѓу двете цркви и признавање на Автокефалноста на МПЦ-ОА, дознава „Религија.мк“ од извори во Бугарската Патријаршија.

Дел од владиците на БПЦ, со кои разговараше „Религија.мк“, засега се воздржуваат од јавни коментари за писмото на МПЦ-ОА, со образложение дека станува збор за деликатно прашање за кое мора да се произнесе официјално синодот на БПЦ.

-Нека биде Бог со нас, нека ни помогне Свети Климент да донесеме разумна и најправилна одлука. Засега какви било коментари можат само да предизвикаат шпекулација. Да почекаме синодот на БПЦ да се произнесе, па ќе зборуваме, изјави за „Религија.мк“ еден од Архиереите на БПЦ, кој сакаше да остане анонимен.

Неофицијалните извори на „Религија.мк“ велат дека кај мнозинството владици во Бугарската црква постои расположение позитивно да се одговори на ова писмо, но сепак тие не се подготвени јавно да ги бранат своите позиции.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *