Почетна Вести Христијанство Судот во Стразбур пресече: Вранишковски може да ја регистрира ПОА
Судот во Стразбур пресече: Вранишковски може да ја регистрира ПОА

Судот во Стразбур пресече: Вранишковски може да ја регистрира ПОА

568
0

Големиот Совет на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, во април 2018 година, ја одби жалбата на Владата на Република Македонија, со што претходно донесената пресуда за регистрација на Православната Охридска Архиепископија стана правосилна, соопштија денеска од ПОА.

Во ноември 2017 година, Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе пресуда дека Владата на Република Македонија, со тоа што не ја регистрирала канонската Охридска Архиепископија, ги прекршила Членот 11 и Членот 9, т.е. ги прекршила слободата на здружување и слободата на мислата, совеста и религијата, кои била обврзана да ги почитува согласно на меѓународната Конвенција за човекови права, која ја има потпишано.

Во февруари, 2018 година, Владата на Република Македонија се жалела пред Големиот Совет на споменатиот суд, во однос на донесената пресуда. Според одлуката по жалбата Македонија треба да ја регистрира ПОА како формална црковна заедница.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *