Почетна Вести Христијанство Владата ќе го организира јубилејот 1000 години Охридска Архиепископија
Владата ќе го организира јубилејот 1000 години Охридска Архиепископија

Владата ќе го организира јубилејот 1000 години Охридска Архиепископија

395
2

На 28 мај Охрид и Македонија ќе се сеќава на еден милениум од основањето на древната Охридска Архиепископија. За одбележувањето на овој значаен јубилеј Владата на Република Македонија формирала работна група, која треба да ја утврди програма и учесниците на јубилејот 1.000 години од формирањето на Охридската архиепископија.

Членови на оваа работна група се претставници од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Министерството за култура, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Службата за општи и заеднички работи, Музејот на Македонија, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, општина Охрид, Македонска филхармонија и Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“.

МПЦ-ОА информира дека овој милениумски неповторливи јубилеј има голема важност за Република Македонија и за цела Европа.

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија на својата редовна седница одржана на 13 март донесе одлука за чествување на значајниот јубилеј 1.000 години од формирањето на Охридската архиепископија. Централното одбележување ќе се одржи во катедралниот храм на охридските архиепископи „Св. Софија“ во Охрид на 28 мај.

Коментар(2)

  1. pogovorka od Sv. Otci : jas kazav i ne premolchiv i si ja spasiv dushata, vam za svedoshtvo

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *