Почетна Вести Голема донаторска конференција за летниот камп по веронаука на Бигорскиот манастир
Голема донаторска конференција за летниот камп по веронаука на Бигорскиот манастир

Голема донаторска конференција за летниот камп по веронаука на Бигорскиот манастир

574
0

Голема донаторска конференција за доизградба на првиот летен камп за Веронаука, организира Здружението за негување на православни вредности  в недела во Хотелот „Континентал“ во Скопје.

Veronaukata nas vlog vo idninata ВЕРТИКАЛНОВлезницата за добротворната манифестација е 600 денари кои директно се наменети за детскиот летен камп „Свв. Кирил и Методиј“, сместен  во падините на планината Крчин и со тоа станувате дел од градителите на овој духовно-верски објект.

Покрај влезницата како извор на донирање, организацијата предвидува и лицитација на трпеза на љубовта од вештите жени и продажба на многубројни производи и рачни ракотворби, се со цел да се соберат што повеќе средства, велат од Манастирската обидетл на Бигорски.

-Веронауката е една силна потреба за правилен развој на личноста и таа претставува темел на образованието. Христијанството е учење коешто во душите на младите луѓе внесува радост, мир, љубов, надеж и светлина. Доколку тоа се начелата по кои што се раководи човечкиот живот, овој свет би бил едно навистина прекрасно место, една вистинска оаза на радоста и љубовта. Токму затоа сите ние и Црквата како духовен воспитувач и државните институции, особено оние кои што го организираат и реализираат образовниот процес, имаме света должност да им го направиме на младите достапно ова учење, вели Архимандритот Партениј, Игумен на Бигорската Обител.

leten kamp bigorski 2За добротворната манифестација е предвидена и програма со трибина, но и музички дел.

Билетите можете да се набавите на тел: 071 273 116 и 070 264 992, и на влезот од хотел Континентал, на самиот ден на настанот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *