Почетна Вести Христијанство Тимотеј: Процесот е почнат, одлуките се донесени, трба СПЦ да ги потврди
Тимотеј: Процесот е почнат, одлуките се донесени, трба СПЦ да ги потврди

Тимотеј: Процесот е почнат, одлуките се донесени, трба СПЦ да ги потврди

1.12K
0

Почна процесот на интеграција на ПОА во МПЦ-ОА, донесени се неколку одлуки, кои е потребно да се усогласат со СПЦ, а потоа за нив ќе биде информирана и јавноста, изјави денеска митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, по завршување на седницата на Светиот архиерејски синод, на која, како што беше најавено уште вчера, требаше да се расправа за обединувањето со ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу македонската и српската црква.

– Денеска заседаваше Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во полн состав, со мал исклучок на неколку архиереји, кои се во странство и еден архиереј, кој не можеше да дојде, но имаше свое полномошно за да се гласа доколку има потреба, но бидејќи одлуките се носеа воглавно едногласно, без никакви издвојувања денеска почна процесот за интеграција на ПОА  во МПЦ-ОА, изјави владиката Тимотеј.

Митрополитот Дебарско-кичевски и портпарол на МПЦ-ОА, истакна дека се донесени неколку одлуки и како што одговори на новинарско прашање тие се поврзани со поделбата на епархиите, но напомена дека за јавноста ќе бидат познати по усогласувањето со српската црква.

Целосната интеграција Тимотеј очекува да се случи за време на Соборот на СПЦ, кој, како што кажа, треба да почне на 14 или 15 мај.

/МИА/ ФОТО: МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *