Масовна литија во Струмица

Date:

Share post:

Неколку илјади граѓани од Струмица, но и од цела држава, масовно се поклонија пред чудотворната икона на Пресвета Богородица Брзопослушница.

Струмичката епархија по деветти пат ја организираше свечената литија со иконата, која традиционално се изнесува првата недела по Велигден.

На литијата ѝ претходеше Божествена литургија, која се служеше во манастирот „Свети 15 Тивериополски маченици“, каде што се чува иконата, по што поворката, заедно со иконата носена на раце од верниците и придружувана од свештенството, помина низ струмичките улици, каде граѓаните во мир и молитва оддаваа почит. Централниот дел од настанот се одржа на плоштадот „Гоце Делчев“, каде беше одржан молебен.

Од Струмичката епархија велат дека оваа традиција, која трае речиси една деценија, станала симбол на обединување на верниот народ, а иконата на Богородица Брзопослушница, која пристигна како подарок од светогорскиот манастир Дохијар, продолжува да биде духовен заштитник и место каде илјадници луѓе секојдневно наоѓаат утеха и надеж.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img