Партениј служеше литургија на гробот на Свети Николај Чудотворец во Бари

Date:

Share post:

Eпископот Антаниски Партениј, заедно со дел од монашкото братство и сестринството е на поклоничко патување во Бари Италија, каде го посетиле гробот на Свети Никола.

Како што објави Бигорскиот манастир, Партениј, заедно со архимандритите Диситеј, Анатолиј и Кирил, како и Ефросиниј, отслужиле литургија, со благослов на надлежниот  архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, и со дозвола на Понтификалната базилика „Свети Николај“ во Бари.

-Во подземните бедра на древната барска базилика, во мистичната полутемнина на криптата, каде што воздухот е проткаен со благоуханието на светите мошти и со молитвените воздишки на неброени столетија, Преосвештениот Антаниски ја принесе бескрвната Жртва за живот на светот, над самиот чесен гроб на Светителот. Со Старецот сослужуваа неговите браќа свештенослужители, отците Доситеј, Кирил, Анатолиј и Ефросиниј. Богослужбата беше збогатена со умилителното и благодатно пеење на дел од псалтите од хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, како и на нашите студенти по православна теологија при Универзитетот во Атина. А меѓу нив, заедно со сестрите монахињи и со многубројните притекнати верници, како невидлив, но жив и присутен домаќин, соучесник, сослужител и сомолитвеник беше и самиот Чудотворец – оној кого Црквата со возвишен глас го воспева како „правило на верата и образ на кротоста“, како брз застапник и топол молитвеник пред Престолот на Пресветата Троица, велат од Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img