Грузиската црква почна постапка за избор на Патријарх – седница на Синодот на 28 април

Date:

Share post:

Синод на Грузиската црква, на 28 април ќе утврди листа од тројца кандидати за избор на нов Патријарх на Грузија.

Овој процес е дел од канонската постапка за избор, а како прва фаза од изборниот процес, Синод номинира и избира тројца архијереи кои ги исполнуваат канонските услови. Од оваа тричлена листа потоа се избира новиот Патријарх, кој ќе ја предводи Православна црква во Грузија како нејзин прв меѓу еднаквите епископи.

Привремен управител на патријаршискиот престол е митрополитот Шио од Сенаки, кој ја координира синодската постапка и организацијата на изборот до конечната одлука.

Според правилата што се применуваат во оваа црква, кандидатите мора да ги исполнуваат канонските услови, меѓу кои и старосната граница и соодветно богословско и пастирско образование, во согласност со црковниот поредок.

Целиот изборен процес се спроведува исклучиво во рамките на црковните канони и статутот на Православна црква на Грузија, при што се нагласува дека надворешни политички фактори не треба да влијаат врз изборот, со цел да се зачува црковната автономија и канонскиот поредок.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img