Почетна Вести Христијанство Матевски: Томосот од СПЦ има само симболична вредност
Матевски: Томосот од СПЦ има само симболична вредност

Матевски: Томосот од СПЦ има само симболична вредност

5.28K
8

Припојувањето на ПОА во МПЦ е дел од договорот со СПЦ, и верските аналитичари тоа го оценуваат како добра работа. Универзитетскиот професор Зоран Матевски проценува дека тие ќе добијат неколку епархии, но и потенцираше дека тој томос има само симболична вредност.

-Ние на тој начин ќе го зацврстиме сето она што го имаме со Белград и со СПЦ, тоа евхаристиско единство итн, но тука приказната не застанува и не смее да застане, како што некој сака. За жал и некои владици од Синодот сакаат таа приказна да застане на СПЦ и Руската православна црква, што би било оргомна грешка. Слушам сега отворено се агитира околу тоа, дури има една идеја да се чека некој Вселенски собор кој што може ќе се случи после 100 години. Не смее тоа да се случи, она што јас како социолог на религија, знам и сум убеден е дека најголемиот дел од владиците се за она што е вистинското решение. Единствена мајка црква е Вселенската патријаршија, единствен кој што може да даде Томос е Вселенскиот патријарх, и ние не треба да се плашиме околу тоа, рече Матевски.

Според него името било и ќе биде проблем, но порачува и дека ако црквата биде призната под името Охридска Архиепископија треба да бидеме горди на тоа.

-Тоа треба да биде за нас одлично решение, не смееме да инсистираме на она другото, Македонска православна црква – Охридска Архиепископија, затоа што свесни сме дека Вселенскиот патријах, под влијание на Грчката православна црква, никогаш нема да го направи тоа. Значи најдобро е според мене да си добиеме Томос како Охридска Архиепископја, древното име треба да нѐ радува, да бидеме горди на тоа, да си го добиеме Томосот. Но очигледно има борба внатре во Синодот, некои се за, некои се против. Мислам дека овие помладите владици се доволно разумни да го решат проблемот, вели Матевски.

/ТЕЛМА

Коментар(8)

  1. Koj si ti coveku? Zarem imas pravo znaenje duhovna potkrepa da davas i kazuvas sto e pravilno a sto ne??? Kako ne vi e sram religija i site ostanati platenici, Sekogas tomos se dobival so blagoslov od onoj sto ja imal poslednata jurisdikcija na teritorijata kade sto se naogla odnosno Majka Crkva, a vselenskiot samo go potvrduval toa kako prv po cest. Sram da vi e. Site ke odgovarate pred Boga za site manipulacii lagi nevistini sto gi plasirate pred celiot nas narod.

  2. Ако Константинополскиот Патријарх не може да го преобрази притисокот на Грците по ова прашање во една реална изобразба на автентична христолошка величина (што е изводливо само преку квалитетен богословски дијалог, а не по пат на гола црковна дипломатија и политика) тогаш тешко може да ја носи честа на прв меѓу еднаквите или на Вселенски Патријарх. Ваков дијалог на богословско ниво изостана до денес: се’ што гледаме е судир на две меѓусебно завојувани еклисиологии кои се пресметуваат меѓусебно на плоитички план. А ако СПЦ има скриен план промовирајќи го во својата црковна дипломатија името Црква на Северна Македонија, и нарекувајќи го Македонскиот Архиепископ Стефан Архиепископ на Северна Македонија, а Јован Вранишковски Архиепископ Охридски, јасна е намерата да полага право на еден вид наследничка на Охридската Архиепископија. Тоа е се разбира желба да се влезе во туѓиот труд: знаеме кој ја обнови во средината на 20 век Охридската Архиепископија, а кој напротив пружаше отпор, па и на разни начини го саботираше тој подвиг. Сите тие профанизирања на црковниот живот може само да ги продлабочат раните во Телото Христово, да ги умножат соблазните, да ги оладат срцата на луѓето за Православието, да ја истрошат довербата во црковната ерархија, да го валкаат образот на Православната Црква воопшто, и без оглед на огромните духовни ризници со кои ја дарувал Господ да ги осудат на духовен глад милиони и милијарди луѓе, за чие спасение исто така имаме одговорност. Како ќе смогне сила разединетото Православие да светне како светилник видлив како спасоносна и единствена надеж за сиот свет, ако неговите рајски птици си ги колваат очите едни на други!

  3. Станува збор за универзитетски професор. А, пак, ти? Кој си ти човеку со „М“ празен ред па точка.
    Според досегашната практика валиден Томос дава единствено Константинополската Вселенска Патријаршија.
    Прашај го се уште актуелниот српски архиепископ во Македонија Јован кој им даде Томос за автономија на ПОА.

    1. Pa povtorno ja izvrtuvate rabotata. Na POA e dodelen tomos od Vselenskata Patriarsija samo zarad blagoslovot na SPC. Istoto sto trebase ilajda pati do sega da se sluci. Kako sto napishav pogore ama vie ste slepi pri oci i gluvi pri usi poveke od Vartolomeu ne vi se gleda!

  4. Дали убаво читам? Вселенската патријаршија и дала Томос на автономната српска архиепископија во Македонија.
    Која дволичност. Типично за владици и останати поданици на руско – српскиот свет. Демек тогаш од Константинопол морало, а денес доволно е од Белград и Москва.
    Вчера било задолжително (вклучително и за автономијата на ПОА), а денес рускиот император даде насоки дека не мора.

  5. Каква врска има темата за руски свет и руски император? Руски свет се однесува исклучиво на руското општество и народ, а не на некој како тебе. Единствена империјална доминација и диктатурата денес е политиката на неолибералниот западен фашизам и УСА диктатурата. Слепи при очи или свесни и намерни пропагандисти. Јасно е сѐ.

  6. Се е јасно… После 24 февруари 2022 г. се е јасно. Се согласувам: “слепи примило или свесни и намерни пропагандисти”.

    Ама сепак, православието било и ќе биде љубов и единствено љубов.

    А руско – српскиот свет и нивното искривено православие? Веројатно копија на Исламска држава. Принципот е ист, се останато се нијанси.

  7. Православието е љубов, но кога тоа го кажуваш прво ти треба да ј покажеш љубовта во нејзината совршена мера, а не да го злоупотребуваш тој прекрасен збор во русофобски прооагандиски цели. Обичен морализатор, со манипулативни ботовски манири.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *