Поглаварот на Коптите во сабота патува за Фанар на средба со Вартоломеј

Date:

Share post:

Папата и Патријарх на Коптската црква Тавадро II, ќе пристигне, заедно со своја придружба, во Истанбул, во сабота, 25 април, со цел да оствари официјална посета на Вселенската патријаршија.

-По пристигнувањето на високиот гостин во Патријаршијата, ќе се отслужи доксологија во Патријаршискиот храм, со началствување на Високопреосвештениот митрополит, старец Халкидонски г. Емануил, соопштува Патријаршијата.

Високиот коптски гостин ќе биде официјално примен од Вселенскиот патријарх Вартоломеј, а следниот ден, во Неделата 26 април, Вартоломеј ќе служи Литургија во Патријаршискиот храм, во сослужение со присутните јерарси на Вселенската патријаршија. На литургијата ќе присуствува и Папата и Патријарх Тавадро, со својата придружба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img