Почетна Анализа „Шах-мат“ од Вселенскиот Патријарх кој го поништи планот на руско-српската оска за ново вознемирување на Балканот
„Шах-мат“ од Вселенскиот Патријарх кој го поништи планот на руско-српската оска за ново вознемирување на Балканот

„Шах-мат“ од Вселенскиот Патријарх кој го поништи планот на руско-српската оска за ново вознемирување на Балканот

712
0

Веста за признавањето на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија е најзначајната вест во православната јавност, за која известуваат сите црковни и секуларни медиуми во регионот. Во продлжение коментар на грчкиот порртал Ортодоксија инфо.

 

Со една директна и катаклизматична одлука Свештениот Синод на Вселенската Патријаршија пред само неколку часа по апокалиптичната објава на orthodoxia.info во врска со случувањата во црковната реалност во Северна Македонија, става крај на долгогодишната перипетија на до денеска шизматичката Црква, која беше приведена во бедрата на канонската православна Црква.

Согласно одлуката на Свештениот Синод на Вселенската Патријаршија кој го издаде важниот Патријаршиски и Синодален Акт, до денес шизматичките епископи се враќаат во канонскиот поредок откако апелациското прибегнување им беше прифатено. Црквата ќе го носи називот„Охридска“, како што бил и нејзиниот древен назив.

И покрај непријателскиот став на Патријаршијата на Србија, Константинопол не навлегува подлабоко во прашањето, концентрирајќи се на испитување на прибегнувањето преку енклитон, оставајќи му така на Белград да одлучува за потезите за довршување на процедурата на прашањето.

Со тој одлучувачки потег Фанар става крај на новите амбиции на Русија да предизвика нов круг на конфронтации за јурисдикциски прашања, а истовремено ставајќи ја Црквата на Србија пред одговорноста за довршување на обидот за решавање на проблемот, според Свештените Канони.

Со звукот на соопштението од Вселенската Патријаршија камбаните во многу храмови во соседната земја започнаа да чукаат радосно објавувајќи ја за нив историската одлука.

Премиерот на Северна Македонија, Ковачевски, во својата објава на Facebook, на која е прикачена и фотографија од неговата посета на Вселенската Патријаршија, зборува за „историската одлука“ изразувајќи ја својата благодарност кон личноста на Вселенскиот Патријарх.

„Сакам да упатам голема благодарност до Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј што направи големо дело, покажа голема грижа за еден голем православен народ и Вселенската Патријаршија со овој чин потврди дека стојат на историската мисија и одговорност…

Денеска со одлуката на Вселенската Патријаршија ние влегуваме во православното семејство на сите помесни цркви. И оваа одлука на Вселенската Патријаршија што нè признава под име Охридска Архиепископија значи признавање на континуитетот што го има нашата историска црква со древната Охридска Архиепископија“.

/ОРТОДОКСИЈА ИНФО

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *