Почетна Вера Реставрацијата на Еврејските гробишта во Штип во завршна фаза
Реставрацијата на Еврејските гробишта во Штип во завршна фаза

Реставрацијата на Еврејските гробишта во Штип во завршна фаза

178
0

Заводот за заштита на спомениците и музеј во Штип ги завршува активностите за конзервација и реставрација на Еврејските гробишта во Штип, што се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура.

evrejski grobista 1По археолошките истражувања беа извршени конзерваторски зафати на секторите со гробните места кои беа најмногу оштетени, а потоа  и на конзервација на помалку оштетените. Досега се конзервирани повеќе од 73 гробни места, кои целосно ќе бидат заштитени до крајот на овој месец. Со тоа овој значаен комплекс ќе биде ставен во функција на промоција на културното и историското наследство на еврејскиот народ во Македонија.

Активностите се одвиваат врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Општина Штип и Министерството за култура на Република Македонија.

– Покрај комплетната конзервација и реставрација на Еврејските гробишта, веќе е изграден и патот кој води до овој локалитет. Еврејските гробишта во Штип датираат од 19 век, а практиката на погребување на ова место се одвивала до 1943 година, информира Министерството за култура.

Минатата година почна и реализацијата на проектот за преуредување на Еврејските гробишта во Битола во Меморијален парк на Евреите. Овој проект, наведува Министерството, придонесува во заштитата на историското наследство на еврејската заедница која опстојувала во оваа околина повеќе од пет века.

– Преку овие активности продолжува соработката меѓу Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадата на Државата Израел и единиците на локалната самоуправа што претставува неоспорен показател за континуиран адекватен третман на еврејската заедница во Македонија како нераскинлив дел од современото општествено живеење во нашата земја,  соопшти Министерството за култура.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *