Почетна Вера Моштите на Свети Ѓорги ја обиколија Струга
Моштите на Свети Ѓорги ја обиколија Струга

Моштите на Свети Ѓорги ја обиколија Струга

1.01K
0

Моштите на Свети Ѓорѓи Победоносец и неговата чудотворна икона традиционално и годинава, на вториот ден Ѓурѓовден ја осветија Струга.

Голем број верници денеска му се поклонија на светецот и беа дел од свечената литија, која датира од дамнина, но се возобновува од 2010 година со носењето на моштите на Свети Ѓорѓи од истоимениот манастир во Рајчица.

struga 1Чествувањето почна со дочек на моштите на Свети Ѓорѓи од истоимениот манастир во Рајчица, продолжи со вечерна богослужба и носење на моштите и чудотворната икона низ струшките улици во присуство на братството и сестринството на Бигорскиот манастир и на Рајчица. Прва се носи чудотворната икона која датира од 14 век, житие на Свети Ѓорѓи со опис на неговите страдања, а на средина е насликан светецот до половина. Потоа одат свештениците, пеачите и на крај моштите, а потоа доаѓа редицата народ.

Литијата помина низ главната улица покрај реката Црн Дрим, по шеталиштето, низ чаршијата и заврши во храмот „Свети Ѓорѓи“, каде последен поклон и целив на моштите ќе им оддадат сите христијани што ќе успеат да стигнат. Верниците со цвеќиња во раце ја поздравија поворката од каде гласно го извикуваа највеслеиот поздрав „Христос воскресна-навистина воскресна“.

Литијата, според сестра Ефимија од манастирот „Свети Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица, е порака за мир и обединување на народот.

– Оваа литија по божја промисла се одвива во овие паскални и светли денови на воскресението, претставува литија на единството и на мирот. Таа е една порака која сакаме да ја испратиме до нашиот народ за обединување и смирување на ситуацијата, рече сестра Ефимија.

За стружани ова е весел ден на кој му се радуваат како на Воскресението христово. Со учеството во литијата тие велат дека допринесуваат на продлабочување на верата. Покрај Стружани присуствуваа и голем број гости од земјава, но и туристи од странство кои претстојуваат во Струга.

Тале Јордановски, верник од Прилеп посака следната година посетеноста да биде уште поголема и да може секој да дојде во Струга и да ја почувствува благодатта од моштите.

–  Секој православен христијанин догодина да може да дојде тука да има поголема река од народ и секој да може да ја почуствува вековната традиција. Благодатта од моштите се чувствува низ цела Струга, истакна Јордановски.

Литијата посветена на Свети Ѓорѓи Победоносец е стара вековна традиција кај стружани, некогаш се правела посвечено, но  имало периоди кога било и поскромно, а свој раскош добива последниве години. Илјадници верници од земјава, но и странство се собираат за свечениот дочек да се поклонат пред моштите на Свети Ѓорѓи Победоносец и да ја испочитуваат древната традиција

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *