Почетна Вера Евреите го слават Пурим, највеселиот празник
Евреите го слават Пурим, највеселиот празник

Евреите го слават Пурим, највеселиот празник

82
0

Пурим се слави 14. ден од месецот адар по еврејскиот календар, односно на крајот на февруари или во почетокот на март.

Пурим е највеселиот еврејски празник. Традиционално за Пурим се раскажува приказната за кралицата Естера, како што е запишана во Танахот, во Книгата за Естера (Мегилат Естер на хебрејски). Мегилата била напишана рачно на пергамент. Обично има футрола од дрво или метал, а постојат и примероци направени од сребро и со филигранска техника.

Стар еврејски обичај при читањето на приказната е да се прави бучава со пригодно направени дрвени тропалки, или лас палетас на ладино, на споменување на името на Аман, антагонистот во приказната.

Исто така, вообичаено се организира и маскенбал, се подарува на сиромашните, а во синагогите се читаат посебни молитви и Мегилат Естер.

Приказната за Естера раскажува како Аман, кралевиот советник, имал план да ги уништи Евреите. Кралицата Естера, по потекло Еврејка и втора жена на кралот Ахашверош, заедно со својот роднина Мордехај успеваат да го разоткријат планот и да го спасат еврејскиот народ.

Таа е првата Еврејка што го спасува еврејскиот народ од уништување.

Името на празникот потекнува од зборот пур што значи коцка или ждрепка затоа што приказната кажува дека Аман фрлал коцка за да го одбере денот на уништувањето на Евреите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *