Почетна Вера Осветена спомен плочата од македонскиот народ во Рим

Осветена спомен плочата од македонскиот народ во Рим

638
0

Архепископот охридски и македонски, г.г. Стефан , во присуство на членовите на државната и на црковната делегација и Скопскиот Бискуп монсињор Киро Стојанов, ја освети спомен-плочата поставена како благодарност на македонскиот народ за делото на сесловенските просветители Кирил и Методиј, во Базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим.

trajko rim 5– Големите свети браќа го нашле вистинското оружје, го нашле најдобриот начин како да ги просветат словенските народи, а тоа оружје бил токму јазикот кој бил разбирлив, јазикот на кој тие богослужеле. Тој јазик еве скоро кај сите словенски народи опстојува и денес, а секогаш  во македонскиот народ и во МПЦ како богослужбен јазик, изјави Архиепископот Стефан

Спомен плочата беше поставена во ноември 2015 година при посетата на Претседателот Ѓорге Иванов на Ватикан, кој воедно беше и иницијатор за поставувањето на оваа плоча во една од најзначајните базилики во Рим.

На плочата е испишан текстот „„Во оваа базилика на Санта Марија Маџоре, папата Адријан Втори во 868 година ги освети донесените словенски книги во Рим од светите браќа Константин Кирил и Методиј создавачите на словенската писменост. Од благодарниот макеоднски народ“.

Вратите на оваа базилика се отворени за сите Македонци кои сакаат да ја видат поставената плоча.

ВИДЕО ОСВЕТУВАЊЕ:

ВИДЕО ИЗЈАВА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *