Почетна Вера ИВАНОВ: Да останеме обедините во промоцијата на вистинските вредности
ИВАНОВ: Да останеме обедините во промоцијата на вистинските вредности

ИВАНОВ: Да останеме обедините во промоцијата на вистинските вредности

110
0

Претседателот Ѓорге Иванов по повод големиот еврејски празник Рош Хашана, односно започнувањето на еврејската Нова година, упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ и до припадниците на Еврејската заедница во Македонија.

ivanov-3-777x437-62795Во честитката македонскиот претседател на сите верници им посакува претстојните празнични денови да ги прослават во согласност со повеќевековната традиција, во семеен мир и добросостојба.

– Големиот празник Рош Хашана кој го означува „почетокот на годината“ според старите еврејски верувања претставува и „празник на раѓањето на светот“. Во себе, тој ја содржи симболиката на новиот почеток, но и присетување на минатото и молитвата за покајание и простување.

Одвојувајќи се од старата и започнувајќи ја новата година, на празникот, верниците преку молитва бараат прошка и покајание надевајќи се на нов почеток со желба за просперитет и благосостојба.

Славејќи ги празниците да си споменеме дека треба да се издигнеме над себеси и искрено да споделиме со оние кои немаат и на кои им е потребна помош. Затоа да останеме обединети во промовирањето на вистинските вредности, водени од меѓусебна доверба и почит, вели во честитката претседателот Иванов.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *