Почетна Вера ДИМИТРИЕВ: Овој празник е богатство на мултикултурниот карактер на Македонија
ДИМИТРИЕВ: Овој празник е богатство на мултикултурниот карактер на Македонија

ДИМИТРИЕВ: Овој празник е богатство на мултикултурниот карактер на Македонија

170
0

dimitriev slikaПосветеноста кон вредностите и истрајноста е заеднички белег на македонскиот и еврејскиот народ. Тоа што ги обединува овие два народа е нивната упорност која воедно го обезбедила нивниот историски континуитет“, пишува Премиерот на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев во честитката  за големиот еврески празник Песах до припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија.

Нагласува дека Еврејскиот народ е дел од македонското мултикултурно општество и дека токму затоа овој празник претставува богатство за мултиетничкиот и мултикултурниот карактер по кој е препознатлива Република Македонија.

– Јас сум уверен дека и во иднина ќе продолжиме достоинствено да го прославуваме овој голем празник, а со тоа и да ги негуваме добрите односи кои Република Македонија ги има со Државата Израел, се наведува во честитката од Димитриев.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *