555
0
Сите поглавари кои го најавија учеството на Светиот и голем Собор на Крит, попладнево пристигнаа во Академијата на Вселенската патријаршија, каде од утре почнува работата на историскиот собор на Православните цркви.
Веќе сосема јасно е дека на овој Собор нема да учествуваат, Руската, Бугарската, Грузиската и Антиохиската православна црква. Нивни црковни делегации не допатуваа на островот.
Попладнево меѓу последните поглавари кои дојдоа беа, Ерусалимскиот Теофил, Српскиот Иринеј, Албанскиот Анастасиј, Грчкиот Јероним.
Претходно допатува и Романскиот патријарх Данаил, Вселеснскиот Вартоломеј, Кипарскиот Архиепископ Хризостом, како и поглаварте на Чешката и словачка Православна црква и на Полската.