Почетна Вести Романската православна црква застана зад уставно дефинирање на бракот како маж и жена
Романската православна црква застана зад уставно дефинирање на бракот како маж и жена

Романската православна црква застана зад уставно дефинирање на бракот како маж и жена

780
1

Романската православна црква ја прифати граѓанската иницијатива со која се бара во Уставот на Романија бракот да биде дефиниран како заедница меѓу маж и жена.

Синодот на РПЦ, соопшти дека заеднички став на владиците на Романската црква бил да се поддржи оваа граѓанска иницијатива за промена на Уставот и допрезицирање на членот кој го дефинира семејството.

-Светиот синод на Романската православна црква, со кој претседава, Патријархот Данаил, со задоволство ја прифаќа граѓанската иницијатива за измени на членот 48 од Уставот на Романија, за да се прецизира дека семејство се создава на доброволна основа за брак меѓу маж и жена. Оваа иницијатива на мирјани од неколку вероисповести ја поддржува и Романската православна црква, исразувајќи го нејзиното учење за семејството, а исто така и нејзината незаменлива позиција од правна гледна точка, стои во соопштението на Романската православна црква.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *