Почетна Вести Вселенската Патријаршија на аудиенцијата кај Папата: Божјата љубов не обединува
Вселенската Патријаршија на аудиенцијата кај Папата: Божјата љубов не обединува

Вселенската Патријаршија на аудиенцијата кај Папата: Божјата љубов не обединува

341
0

Делегација на Вселенската Патријаршија била на аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан. Станува збор за традиционален прием што го организира Папата за денот на Светите Апостоли Петар и Павле.

Papa Vselenska 2-Иако постојат многувековни разлики помеѓу Римската и Цариградската црква во литургиската област, црковните дисциплини и формулирањето на единствената објавена вистина, испробаната бескрајна Божја љубов е таа која не обединува, Треба да се признае дека Божјото милосрдие е она што не обединува и треба да се претвори во критериум во нашите односи, изјавил Папата Франциск на аудиенцијата во Ватикан.

Во говорот кон „претставниците на екуменскиот Цариградски Патријарх“, како што „радио Ватикан“ ја нарекува делегацијата, Папата потенцирал дека милосрдието е опа кое треба да обединува.

-Ако, како католици и православни, сакаме заедно да ги објавуваме чудесата на Божјото милосрдие на целиот свет, не можеме да ги негуваме меѓу нас чувствата на ривалство, недоверба и омраза. Самото милосрдие не ослободува од товарот на минатото, обележано со конфликти и ни овозможува да се отвориме за иднината кон која нè води Светиот Дух, рекол Франциск.

Папата изразил пофалби за „плодната работа“ на православно-католичкиот теолошки Совет во Северна Америка и радост од претстојното заседание на Меѓународната мешана теолошка комисија меѓу Католичката и Православната Црква, која ќе ја обнови својата работа од следниот септември.

Франциск зборувал и за неодамнешната посета на грчкиот остров Лезбос и средбата  патријархот Вартоломеј и архиепископот ГПЦ Јероним, потенцирајќи ја заедничката одговорност на католиците и православните кон сиромашните.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *