Почетна Вести Во предизвикот со бегалската криза се вклучуваат и верските заедници
Во предизвикот со бегалската криза се вклучуваат и верските заедници

Во предизвикот со бегалската криза се вклучуваат и верските заедници

127
0

Верските заедници кои се дел од Еврпа, преку Светскиот совет на црквите се обврзаа да партиципираат во координираната акција за бегалската криза. Дводневната конференција во која, покрај верските претставници, учествуваа и УНИЦЕФ, ООН, УНХЦР, како и претставници на политичкиот и општествениот живот во Европа усвои резолуција со која се повикува на координирана акција како одговор на Европа кон бегалската криза и споделена одговорност и заедничко дејствување.

Crkvi begalci– Граѓанското општество, вклучувајќи ги и верски организации, имаат уникатна и значајна улога во одговорот на хуманитарните кризи. Подобра координација на своите активности со оние на владите и меѓународните агенции, како и силна меѓурелигиска соработка, се од суштинско значење за да се зголемат напорите за обезбедување на опстанок, правата и достоинството на бегалците и мигрантите, стои во сооштението резолуција издадено по конференција.

Учесниците апелират овие намери да се преточат во акција, за штп ќе се бара дефинирање на улогите и одговорностите, размена на информации и знаење, ресурси и активности, градење на компаративните предности и предностите на другите.

– Исто така итно е потребна соработка за да се спротивставиме на ксенофобијата, расистичките појани и исламофобија, кои доаѓаат од изјави и акции, како и да се спротивставиме на политичката експлоатација на кризата. Тоа е од суштинско значење и затоа  потребно е веднаш да се почне со спроведувањето на мерките за помош на бегалците и мигрантите за да се интегрираат во новите нивни општества, стои во соопштението

Учесниците на конференцијата повикаа и на посилен колективен ангажман од страна на меѓународната заедница. Побараа политички решенија на конфликтот, како и решавање на насилството, нееднаквоста и исклучување, кои се основните причини за сегашната глобална криза на присилно раселување.

-Конкретно, ние апелираме до сите оние кои имаат капацитет да се помогне за да се запре со борбите и да се ублажат страдањата во Сирија, заклучиле учесниците на конференцијата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *