Почетна Вести Христијанство Отец Дамаскин го напушти Лесново и заминал во непознат правец
Отец Дамаскин го напушти Лесново и заминал во непознат правец

Отец Дамаскин го напушти Лесново и заминал во непознат правец

6.69K
1

Игуменот на Лесновскиот манастир, отец Дамаски веќе десетина дена не е со монашката Обител, откако го напуштил манастирот и заминал во непознат правец, дознава Религија.мк.

Постојат две верзии за неговото заминување, едната дека наводно оставил писмо и заминал, а втората дека посакал да се одмори надвор од манастирот од преголениот ангажман кој го имал како духовник на Брегалничката епархија

Дали отец Дамаскин заминал трајно, или пак ќе се врати засеа со сигурност не може да потври ниту надлежниот митрополити на Брегалничката епархија, Г. Иларион. Владиката за Религија.мк ја потврди информацијата дека Отец Дамаскин не се наоѓа во манастирот, но вели дека тој заминал од таму со негово знаење, откако побарал можност да замине некаде да се одмори.

-Вистината е дека тој занима, не знам каде точно, но откако му се насобраа многу ангажмани со многу духовни чеда, веројатно посакал малку мир. Засега е таква состојбата, како ќе се одвиваат работите натаму ќе видиме, вели г. Иларион, за религија.мк.

Отец Дамаскин откако стана Игумен на Лесновскиот манастир во јавноста стана познат по своите многупати ригиндни ставови за одредени прашања, кои честопати предизвикуваа реакции во јавноста, а на таквите ставови реагирал и надлежниот митрополит Иларион.

Коментар(1)

  1. Lence Muceva
    Neveruvam deka zaminal,sigurno e premoren i saka da se odmori i da najde mir,no , sigurno ke se vrati i ke prodolzi uspesno da gi izvrsuva angazmanite vo monaskata Obitel vo najubaviot manastir ,koj so negova zasluga e eden od najdobro odrzuvanite i uredeni . Gospod napomos,AMIN 🙏🙏🙏

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *