Почетна Вера МПЦ ја освети црквата Свети Никола во Топанско Поле
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

МПЦ ја освети црквата Свети Никола во Топанско Поле

976
0

21 година од почетокот на градбата, Цркавта Свети Никола во Топанско Поле во Скопје, беше осветена на денот на Свети Николај Чудотворец, во понеделникот на 19 декември. Овој значаен храм за МПЦ во Скопје го освети Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужители од Скопската православна епархија.

-Овој храм „чекаше“ зашто во меѓувреме го доградувавме, доуредувавме и доукрасувавме за да се освети и затоа се радуваме по тој повод токму на денешниов ден кога го прославуваме неговиот покровител Св. Николај Архиеписмопот Мирликиски Чудотворец – рече Архиепископот Стефан на осветувањето на храмот, потсетувајќи дека е продолжена традицијата на народот кој градел низ сите периоди во историјата, во отоманскиот, преродбенскиот, а денес да се обновуваат разрушените храмови во Скопје.

По завршувањето на светата Литургија беа осветени новите темели за камбанарија во дворот на црквата.

Храмот Св. Никола во Топанско Поле -Скопје Север беше во фаза на  изградба 21 година. Неговата градба е почната во 1995 година. Тогаш МПЦ градбата ја почна со сопствени пари и пари од донатори да гради три храма во Скопје (“Св. Никола“ во Топанско Поле/Скопје Север, “Света Злата Мегленска” во Сарај и “Свети Наум” во Радишани.

ГАЛЕРИЈА/ СКОПСКА ЕПАРХИЈА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *