Шест владици богослужеа за Марковден во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево

Date:

Share post:

Шест владици денеска учествуваа на Светата божествена литургија одржана во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево по повод празникот посветена на апостолот и евангелист Св. Марко. Неговото преосвештенство г. Марко, епископ на делчевското каменичката епархија кој го носи името на апостолот, изрази благодарност до владиците кои учествуваа на литургијата и верниците со своето присуство збогативајки го денешниот настан.

– Упатувам благодарност до митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото преосвештенство епископот Дељадровско – илинденски г. Јоаким, Неговото Преосвештенство епископот Дремвитски г. Давид и Неговото Преосвештенство епископот Стобиски г. Јаков кои го збогатија денешното чествување на апостол Марко. Со Божја помош свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол. Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во Александрија. Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и сè добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чуда, истакна г. Марко.

Епископот на Делчевско-каменичката епархија на верниците им го честиташе Велигден, упатувајќи порака уште многу години да го празнуваат насјветлиот датум во христијанството.

Воедно, изрази благодарност на градоначалникот на М. Каменица Димчо Атанасовски кој присуствуваше на литургијата, за неговото како што рече епископ г. Марко, залагање за изградба на резиденцијата на свештениците во М. Каменица, чии градежни работи се во тек.

Литургијата заврши со делење нафора на верниците и доделување црковни сувенири во знак на благодарност за присуство на богослужбата.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...