Почетна Вера Бог се јави, Македонија го чествува Богојавление
Бог се јави, Македонија го чествува Богојавление

Бог се јави, Македонија го чествува Богојавление

70
0

Македонската православна црква го чествува Богојавление, кај народот попознат како празникот „Водици“.

Свечени литургии се служат во сите храмови на МПЦ, а потоа во сите градови и населени места се врши осветување на водите во Македонија, преку реките и езерата.

Традиционално изминативе години во Македонија се издефинираа две централни манифестации. Онаа во Скопје, каде советувањето на водите на Вардар го прави Архиепископот г.г Стефан и втората во Охрид, која станува и туристичка атракција за многу гости, како од Македонија, така и од соседните држави. Таму осветувањето на водите во охридското езеро и спуштањето на светиот крст, го прави Митрополитот дебарско-кичевски, Тимотеј.

Во Скопје, според информациите на „Религија.мк“ има пријавено околу 100 верници, кои ќе скокнат во водите на „Вардар“. Манифестацијата ќе се одлржи на мостот кај хотелот „Холидеј Ин“. Претходно утрински литургии ќе се одржат во црквите „Св. Димитрија“ и „Пресвета Богородица“.

И годинава во Скопје нема да има „материјални дарови“ за најсреќниот кој ќе го фати светиот крст.

Во Охрид пак и годинава има пријавено над 500 верници кои ќе учествуваат на манифестацијата. Покрај од Охрид за учество има пријавени и верници од соседните градово и од Битола. Сепак за настанот во Охрид, како и секоја година, се очекува да присуствуваат најмалку уште толку верници кои не се пријавени.

Годинава во Охрид настанот го организира локалната самоуправа и дебарско-кичевската епархија.

Посебно интересен настан денеска ќе се случува во локалната црква во Трубарево, таму и годинава ќе биде организирано спуштање на светиот крст во водите на локалниот базен, во чие фаќање ќе учествуваат најмалите до десет години.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *