Почетна Вера Монасите од Бигорски објаснија како се скока по светиот Крст
Монасите од Бигорски објаснија како се скока по светиот Крст

Монасите од Бигорски објаснија како се скока по светиот Крст

2.27K
0

Монашкото братство на Бигорскиот Манастир, заедно со Игуменот, Отец Партениј повикаа на достоинствено одбележување на престојниот празник, Богојавленије, или попознат како Водици, кој МПЦ го одбележува на 19 јануари во вторник.

Бигорскиот Манастир апелира до сите учесници, кои на овој ден имаат намера да учествуваат во вадењето на светот Крст од осветените води на реките во Македонија, тоа да го направат како што предвидуваат црковните правила, за да и денот и настанот имаат духовно и вистинско црковно значење.

Монасите потенцираат дека овој чин не треба де се претвора само во обилчен ритуал и во натпреварувачка игра.

– Многу е важно учесниците во чинот на полагањето на крстот во водата претходно да учествуваат и на Божествената Литургија со примање на Светата причест. Всушност самиот овој чин не треба да биде сфатен како еден обичен ритуал, ниту некаква натпреварувачка игра на којашто целта е само да се фати крстот, туку учесниците после Литургијата треба со литија да се упатат кон местото каде што ќе се осветуваат водите, и тука со најголема почит и внимание да ги слушаат прекрасните молитви на водосветот, без непристојно однесување и викање, бидејќи така си го отфрлаат благословот.

Оној, пак, кој ќе се удостои да го извлече крстот што се допира до водите и ги осветува, и да му го врати на свештеникот, треба претходно да го целива со вера, да им даде и на другите околу себе да го целиваат за и тие да бидат благословени. Потоа да го однесе благословот и во својот дом кај своите ближни, зашто крстот треба да им стане она што ќе ги обединува сите во взаемна љубов и силна вера во Христа, стои во повикот на монашткото братсво од Бигорскиот Манастир.

Изминативе години речиси на секое чествување на Водици се случуваа скандали, кои го оцрнуваа одбележувањето на овој ден. Со цел да се доведат работите во ред, Скопската Епархија веќе го укина т.н. дарување на најсреќниот со разни материјални предмети.

Годинава и дебарско-кичевската епархија ја презема организацијата на Водици во Охрид.

Инаку монашкото братство на Бигроскиот Манастир организира осветување на водите на реката „Радика“. Сите кои сакаат да се пријават за учество, тоа можат да го направат овде.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *