Митрополитот г.Тимотеј, кој е Администратор на Австралискосиднејската Македонска православна епрхија од вчера е во канонска посета на епархијата во Австралија, каде ќе остане се до крајот на месец јануари.
Македонските православни верници во Австралија, овој Божиќ и Богојавление ќе го одбележат со литургии со кои ќе чининачалствува Владиката Тимотеј.
Централната божиќна литургија ќе биде во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Сиденхам, Мелбурн. На вториот ден од Божик, Митрополитот Тимотеј ќе служи во црквата „Св. Јован Крстител“ – Џилонг.
За Богојавление на 19 јануари, централната литургија ќе биде во храмот „Св. Петка“ во Рокдаел.
Помеѓу Божик и Водици, Австралискосиднејската епархија ќе одржи и годишно епархиско собрание. Владиката ќе посети најголем дел од црквите на МПЦ во Мелбурн, Сиднеј, Петрт, Аделаид, Кабрамата.