
534
0
Европскиот митрополит г. Пимен, во сослужение со митрополитите Тетовско-гостиварски Јосиф и Кумановско-осоговски, г. Јосиф, вчера отслужиле заупокоена литургија на тригодишнината од смртта на Полошко-кумановскиот митрополит г. Кирил.
Споменот за поранешниот митрополит бил во манастирот на св. Георгиј во Дељадровце, каде е и гробот на Митрополитот г. Кирил.
Владиката Кирил почина на 10 јуни 2013 година, беше роден на 23 јуни 1934 година во Царев Двор Препсанско.
Владиката Кирил беше еден од потписниците на историската одлука за прогласување на Автокефалноста на МПЦ во 1967 година.