Почетна Вера Утре почнуваат Божикните пости, што учи Црквата?
Утре почнуваат Божикните пости, што учи Црквата?

Утре почнуваат Божикните пости, што учи Црквата?

4.34K
0

Од утре почна Божикниот пост. Денеска е денот наречен божикни поклади. Божикните пости се период кои му претходи на празникот Рождество Христово. Трае околу 40 дена и, според црквата се нарекува исто така „Филипов пост“, бидејќи започнува после 27 ноември – денот на споменот на Апостол Филип.

post-slikaПравославната црква запишала дека Божикниот пост е востановен за да верниците можат, во пресрет на Рождеството Христово, да се очистиат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи Му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.

Правилата на воздржание, пропишани од Црквата во Божикниот пост се исто како и за Петровденскиот пост. Јасно е дека во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето. Освен тоа, Уставот вели дека во понеделник, среда и петок во Божикниот пост не се јаде риба, вино и масло и дозволено е само примање на храна без масло.

Во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло.

Рибата за време на Божикниот пост е дозволена во саботните и неделните, како и на големите празници, каков што е празникот „Воведение во храмот на Пресвета Богородица“, а исто така и на храмови празници и деновите на големите светии, но само доколку тие празници се паднат во вторник или четврток. Доколку празникот се падне во среда или петок се разрешува на вино и масло.

Од 2 јануари до 6 постот се засилува и во тие денови, дури и во сабота и недела рибата не е благословена, потенцираат црковните правила.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *