Почетна Вера Предизвик за верниците – Дочек на Нова Година в Црква
Предизвик за верниците –  Дочек на Нова Година в Црква

Предизвик за верниците – Дочек на Нова Година в Црква

1.05K
6

Соборниот митрополитски храм Свети Николај Чудотворец во Куманово ќе биде место каде верниците ќе можат да бидат дел од сеноќното бдение во пресрет на Нова Година.

sveti-nikola-crkva-kumanovoОвој молитвен собор го организира Кумановско-осоговската епархија и надлежниот Митрополит г. Јосиф, кој воедно и ќе го отслужи сеноќното бдение.

Настанот почнува во 22 часот на 31 декември, а ќе трае до раните утрински часови на 1 јануари.

Ова е ретка прилика за верниците на МПЦ календарската Нова Година да ја дочекаат на молитва в црква. Кумановско-осоговската епархија очекува дека голем број верници, со добра воља ќе се одлучат и ќе дојдат в црква за Нова Година.

Сеноќното бдение се организира  во навечерието на Неделата пред Рождество Христово, посветена на светите отци.

/КОЕ

Коментар(6)

  1. Зошто толку чуден наслов “Предивик за верниците дочек на Нова година во храмот”, па ова е редовно во една епархија скоро 20 години, во РПЦ скоро 10 години служат во храмовите молебен, или сеноќно бдение или Света Божествена Литургија, бидејки треба молитвено да Му благодариме на Бога за изминатата година и духовно да се настроиме за Новата, да ни даде сили да одиме по патот на спасението. Во текот на годината има и богослужбена нова година, ар неа не ја прославуваме исто така со молебен и водосвет. За се благодарете на Бога и секогаш радувајте се во Господа.

  2. Ocevidno deka kumanovskiot vladika gi pobrkal loncinjata. Pravoslavna crkva, a slavi docek na nova godina po katolicki kalednar. Pa seuste , mi se cini deka MPC, ne pominala na noviot kalednadar–katolicki., apo koj kalendar ke slavi Bozic.i pkraj toa sto terminot bozic e od srpsko poteklo. MPC ne e usvoila termin za hristovoto rozdestvo, tuku se sluzi si terminot na SPC>.

  3. Znaci kumanovskiot vladika ovaa godina prvo ke doceka Nova godina, pa posle ke doceka Hristovoto radjanje, na 7 januari, , a ke slavi li Nova godina po stariot, odnosno pravoslavna nova godina spored kalendarot po koj se slavese do sega. Bas me interesira po koj kalendar ke slavi Bozic dali na 25 dekemvri ili na 7 januari

    1. Очигледно ти си ги побркал работите! За Црквата е нормално и секојдневие од и секоја година си слави на 25-ти.нормално литургиски.Бденијата се секојдневни а не зависат од празник иако во градските цркви се организираат на поголеми празници сепак подвигот е за поздрав за да ги привлече малдите од новогодишните кафански оргии.

      Пс:И треминот Христос е по Грчко потекло.

  4. Како што видов на http://www.koe.mk, бдение ќе се служи во навечерието на Неделата пред Рождество Христово-посветена на светите отци. Никаде не стои дека бдението се организира за дочек на Новата година. Изгледа о.Манасија до сега никогаш не бил на бдение на 31 декември, а такви бденија има секоја година.
    Кога светот заборава на празникот што доаѓа, верните молитвено да се подготвуваат за Рождеството Христово.

  5. Mislam deka verskite sluzbi ne se praktikuvaat kako zamena za nepojduvanje na novogodisni orgijanja ili za ne otiduvanje na fudbalski i drugi narodni voobicaeni sredbi i zbidnuvanja, zatoa sto verskite sluzbi v crkva se voobicaeni i se praktikuvaat samo za vernicite od soodvetna verska pripadnost. Na novogodisnata liturgija vo Kumanovskata stara crkva siguren sum deka nema da dojde i mladinata od albanskata populacija koje e pretezno islamizirana, ili pak na nea ke prisustvuvaat i pripadnici od druga veroispovest

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *