Почетна Вести „Коледе леде“ заминува во историјата, „Вечниот Бог“ ќе го најавува Христовото раѓање
„Коледе леде“ заминува во историјата, „Вечниот Бог“ ќе го најавува Христовото раѓање

„Коледе леде“ заминува во историјата, „Вечниот Бог“ ќе го најавува Христовото раѓање

10.37K
7

Во девет градови низ Македонија, меѓу кои и во главниот град Скопје, на Бадник ќе се случуваат масовни бадникови поворки, кои ќе го навестуваат Христовото раѓање. Идејата е да се воспостави традиција на православно празнување на Бандик, со пеење на православни црковни песни, наспроти паганскиот обичај на коледарските посети по домовите и пеење бесмислени пагански песни.

За сите бадникарски црковни поворки задолжени се храмовите во градовите низ Македонија. Сите поворки ќе бидат составени од деца и млади кои ќе се движат пред домовите на  православните верници и разни институции. За оваа иницијатива од минатиот Божиќ имаше голем интерес, а таква поворка го посети и домот на Претседателот Ѓорге Иванов.

10277498_917129144972722_1834033823895234898_nЗа овој Божиќ вакви бадникарски поворки се предвидени во Скопје, Битола, Радовиш, Прилеп, Охрид, Тетово, Гостивар, Кичево и ресен.

Организаторите посочуваат дека секој заинтересиран може да дел од ова торжествено движење, а исто така можат да се пријавуваат и да ги пријавуваат своите деца за учење на  Бадниковата песна „Вечниот Бог“.

-Ве повикуваме да станете дел од овој несекојдневен настан, за сите заедно да ја благовестиме прекрасната вест за раѓањето на Младенецот Христос, Кој дојде за да донесе „на земјата мир и меѓу луѓето добра волја”. А следниот ден, на празникот Божик, со духовна радост да ги преполнеме храмовите во нашата земја и со нашето присуство на Божествената Литургија да испратиме мирољубива порака до сите наши граѓани, објавувајќи ја најрадосната вест за раѓањето на Младенецот Христос од Дева Марија, велат организаторите.

Во продолжение контакт за детални информации за бадниковата поворка:

Скопје: Милан за контакт во храм Св. Георгиј – Кривидол: 078 282 162, Рада за контакт во храм Св. Николај (Аеродром): 070 264 992, Креола за контакт во соборен храм Св. Климент Охридски: 071 531 846, отец Зоран за контакт во храм Св. Јован Крстител: 071 381 901, Наташа 077 451 735

Битола: Драги: 075 695 722

Радовиш: ѓакон Коста: 078 239 838

Прилеп: Благоја: 078 280 654

Охрид: Снежана: 071 724 309 и Летка 078 271 793

Тетово: ѓакон Илија: 075 527 080 и Дарко: 071 298 787

Гостивар: Сретен 071 250 421

Кичево: Бошко: 075 882 858

Ресен: Коста: 070 342 505

Коментар(7)

  1. Би сакал коментаров да биде постиран, за да си го искажам своето мислење. Оваа песна е Грчка песна, не е македонска. Ако гледаме на тоа дека е Византиска, тогаш се што го сочинувало тоа царство е Византиско. Тоа значи во таа Византија живееле многу народи од кои и македонците, со што и до ден денес ние сеуште имаме проблеми со тој дел од историјата, впрочем како и се друго. Зарем дозволивме пак да ни “увалат” грчка песна? ова не е наш стил на пеење на мелодија. Текстот е ист, тој си е. Но, мелодиите се грчки. Не мора Коледе леде, но македонците имаат песни за Божиќ, само тој што е прав македонец ќе ги открие и ќе ги знае, а во тие текстови не се пее воопшто ништо паганско. Излажани сме повторно, како и секогаш што не лажеле нас македонците со туѓи песни укажувајќи на тоа дека ние не сме македонци. Тој што ја вовел оваа песна да се пее, верувајте, тврди дека не сме македонци. Еве ви ги линковите на оригиналот:

    https://www.youtube.com/watch?v=tnhZHXa9FM0

    https://www.youtube.com/watch?v=CtjCa3QF3VM

    Инаку само грците си ги пеат овие песни бидејќи се нивни, а ако ние македонците ги слушаме тие духовници кои сакаат да направат раздор во МПЦ со вакви песни, повелете, уживајте во овие грчки мелодии. Па да! Ние си сакаме Мултиетничка Македонија, па се изгледа таа Мултиетничност ќе ја воведеме и во мелодиите. Страшно!

    1. iziviniii ne je grckaa ni prevedenaa tukuu napisanaa e od sveti joan bigorskii samo ja peat kako ne ti se slusaa smeni sii kanalot

      1. Бре, бре шо ука ни даде, безимениот. А откри ли дека Светото Писмо на Новиот Завет, Евангелиоето на Господ Исус Христос е напишано на грчки јазик, и Символот на Верата; значи следствено,верата каква ни е?
        Па и Коледе не било паганско? Може е комуњарско, се си бива, само хирстијанско, најмалце православно не е!

  2. Честитки за генијалното откритие, ти кој си „Непознат за Македонија“! Како многу други Македонци со „непознат“ идентитет – што си имаат сопствено видување за сите можни науки, а посебно историјата – откри топла вода. На погрешен фронт се бориш, човеку! Читај и образувај се!

  3. kako komu ce tekne ce menjva obicai i ce ne vika pagani.vekovni obicai od nasi stari sto ne ucea sega se paganski.a tie obicai verata ni ja socuvaa.Badnik u Tetooo so vekoi se slavi.i sega odednas smo pagani. pod tursko ova ne bilo.pa posle drug nie kriv .kj gi izmislivte povorkete i pesmete

  4. Златна Светлано, испитај подобро и ќе се увериш дека вас Тетовчаните уште од 1816та ве критикува блажениот Кирил Пејчинович за вашето нехристијанско празнување на Бадник! Тетово ги има најлошите обичаи за Божик – наместо да го празнувате со пеење „Слава на Бога во висините, а на земјата мир…“, вие се облекувате како ѓаволи и се плашите и викате. Не секој обичај е добар обичај. Иако сте ги примиле од вашите „стари“, не значи дека во секој случај се многу стари, ниту пак многу точни. Доколку некој обичај не е во согласност со црковната догма, богослужба, пракса и закон, тој обичај не е добар. Видете го целото празнување на Црквата и споредете го со вашето, па да видите која разлика ја има од молитва до ракија.

  5. nemam nishto losoo toa e ideja na makedonskata pravoslavna crkvaa morase malce izmenaa kako shto znam vecniot bog e hit pesnaa koja peat elena risteska tamara todevska dimitar Andonov i bliznacitee martin i stefan bravos za idejataaa

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *