Почетна Вести Европа Киевскиот Митрополит Епифаниј: Бугарската Патријаршија е подготвена да ја признае автокефалноста на ПЦУ, се противат малцинство поддржувачи на Московската Патријаршија.
Киевскиот Митрополит Епифаниј: Бугарската Патријаршија е подготвена да ја признае автокефалноста на ПЦУ, се противат малцинство поддржувачи на Московската Патријаршија.

Киевскиот Митрополит Епифаниј: Бугарската Патријаршија е подготвена да ја признае автокефалноста на ПЦУ, се противат малцинство поддржувачи на Московската Патријаршија.

667
0

Има неколку поменси православни цркви, во кои поголем ден од владиците заедно со поглаварите се практично подготвени да ја признаат Православната Црква на Украина, изјавил Киевскиот Митрополит и на цека Украина Епифаниј во интервју.

Меѓу нив тој ги споменува Црквите на Ерусалим, Романија, Албанија и Грзија и на, како што вели голема радост и Патријаршијата во Бугарија.

Сепак, тој потенцира дека во секоја црква има и поддржувачки на Московската патријаршија, кои го успоруваат процесот.

-И тие се обидуваат да го отстранат мнозинството, изолирајќи го како малцинство, вели Епифаниј.

Според него тешко е да се рече која од овие помесни Цркви ќе биде првата која ќе ја признае авокефалноста.

-Решението кај нив е сепак созреано, тие практично се подготвени, но неопходно е тоа да го соопштат. А по кој ред тоа ќе биде, тешко е да се прогнозира. Но и јас самиот не сакам да објавувам такви детали, затоа што на тој начин ќе им дадам оружје на насшите оспорувачи, кои веќе силно работат за да го сопрат тој процес. Но да знаат дека тој процес е неповратен, изјавил г. Епифаниј.

Тој е уверен дека оваа година сепак Украинците ќе се радуваат на признавањето и од други помесни цркви.

/доксологијаинфорњуз

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *