Почетна Верски туризам Фестивал на источно црковно пеење во Струмица
Фестивал на источно црковно пеење во Струмица

Фестивал на источно црковно пеење во Струмица

543
0

На 24 јуни 2017 година, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, а во организација на НУЦК „Антон Панов“ Струмица и Струмичката епархија, во дворот од манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица по 7-ми пат се одржа Фестивал на источно црковно пеење, на којшто настапија шест црковни хора: хорот „Свети Теофил Струмички“ од Струмица, камерниот хор „Херувими“ од Скопје, женскиот градски хор „Менада“ од Тетово, машкиот хор „Св. Нектариј Битолски“ од Битола, женски хор „Св. Макина“ од Битола и црковен византиски хор „Св. Јован Дамаскин“ од Радовиш.

-Полека но сигурно чекориме и се приближуваме кон јубилејот на нашиот фестивал, радувајќи се на искуствата и прекрасните моменти кои ги имавме во изминатите години со десетиците хорови кои во својот репертоар го негуваат источното црковно пеење. Сакајќи да го збогатиме нашето знаење за источното црковно пеење и да го почувствуваме во неговата изворна форма, годинава на седмиот фестивал, воведовме и една новина која и понатаму ќе ја развиваме. Имено, годинава на фестивалот пред настапот на хоровите свое излагање на тема „Источно црковно пеење“ имаа проф. д-р. Јане Коџабашија и магистар Игор Гулевски. Веруваме дека идните години, покрај фестивалот ќе успееме да организираме и семинар, а можеби и симпозиум за источно црковното пеење“, вели директорот на НУЦК „Антон Панов“, Иван Јовев.

/струмичка епархија

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *