Почетна Вести Џамијата Хајдар Кади во Битола го враќа сјајот
Џамијата Хајдар Кади во Битола го враќа сјајот

Џамијата Хајдар Кади во Битола го враќа сјајот

328
0

Хајдар Кади џамијата е единствена во регионот со отворен трем и според записите, таа имала две минариња. Историјата говори дека таа била реставрирана последен пат во 1890 година и во 1910 година, пред посетата на султанот Решад Vти на Битола. Изградена во 1561-1562 година, со средства од Ајдар бег, како едно големо дело од ремек делата на отоманскиот архитект Мимар Синан, кој бил нарекуван Микеланџело од Блискиот Исток, поради грандиозноста на Сулејмановата џамија во Истанбул и Селимовата џамија во Едрене, кои исто така биле негови дела. Според Евлија Џелебија од XVII  век, оваа џамија се сметала за една од најубаво декорираните во тоа време кога се изградила.По двете светски војни,таа најмногу се запостави и од неа остана само фасадниот дел.

dzamija-bitola-3По двете светски војни, климатските промени и запоставеноста, од неа остана само фасадниот дел. Дворот беше претворен во депонија, а во вечерните часови таа стануваше легло на наркомани и проститутки. Битолското муфтиство на исламската верска заедница со помош на Генералната дирекција за фондации на Република Турција го отпочнаа процесот на реставрација на џамијата, најавен уште во 2012 година, кој е веќе во завршна фаза. Финансиската пресметка за реставрацијата е превидена на 2,5 милиони евра, донација од Генералната дирекција на Вакуфи од Турција, а реставрацијата според старата неимарска традиција ја врши специјализираната компанија “Догуш“ од Анкара.  .

Во Битола денес има 11 џамии од кои четири се активни. Со средства од турската агенција ТИКА целосно завршена е конзервација и реставрација на најголемата активна џамија во Битола, Исак- џамија, која е изградена во 1506 година, која со 25-метарското кубе е највисоката џамија на Балканот. Во тек е и реновирање на фасадата и покривот на Јени џамија, со пари обезбедени од Министерството за култура на Република Македонија.

За враќање на сјајот на “Хајдар кади џамија“, силна поддршка дава тукашното население, а овој објект поради своето големо значење, ќе добие и силна туристичка валоризација.

/ПЕЛАНЕТ.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *