Почетна Вести Светскиот исламски Универзитет Ал-Азхар ќе и помага на ИВЗ во справување со радикалните верски учења
Светскиот исламски Универзитет Ал-Азхар ќе и помага на ИВЗ во справување со радикалните верски учења

Светскиот исламски Универзитет Ал-Азхар ќе и помага на ИВЗ во справување со радикалните верски учења

227
0

ivz aaa 2Реномираниот светски исламски Универзитет, Ал-Азхар од Египет ќе соработува со Исламската верска заедница на полето на едукација на исламските теолози во Македонија, но и во начините за справување со радикалните екстремистички весрки идеи. Соработката, нарверојатно, ќе оди преку Академијата за Исламски истражувања на Универзитетот Ал-Азхар и одделот за весрко-образовни прашања на ИВЗ.

Генералниот Секретар на Академијата за Исламски Истражувања на Универзитетот Ал-Азхар др. Мухјиддин Акики на 13 Април 2016 година го примил одговорниот за верски образовни прашања од ИВЗ на Македонија професорот Јусуф Зимери.

Како што соопштуваат од Универзитетот Ал-Азхар, главната причина за средбата била разгледување на можностите за научна соработка помеѓу Академијата при Универзитетот Ал-Азхар и Исламска Верска Заедница на Македонија и тоа во сфера на признавањата на програмите и дипломите на научно едукативно образовните институции на ИВЗ, обука на имамите на џамиите од Македонија и во сферата на начинот на справување со радикално екстремистички верски идеи.

-Истовремено генералниот секретар ја потврди поддршката на Ал- Азхар за муслиманите во Македонија, во светлина на директивите на големиот имам шејхул Ал-Азхар и неговиот интерес околу прашањата и состојбите на муслиманите во балканските земји, воедно нудејќи секаква вид на поддршка која е неопходна и потребна во сите сфери на образовниот и исламско верскиот живот.

ivz aaaОд друга страна одговорениот за едукативно образовни и верски прашања при Ријасетот на Исламска Верска Заедница на Македонија изразил благодарност вреднувајќи ја улогата на Ал – Азхар која без сомнение дека се смета за исламски светилник на муслиманите во целиот свет.

Истовремено било побарано од Ал-Азхар поголема поддршка за студентите од Македонија и зголемување на квотата на стипендистите во годишно ниво.

ИВЗ очекува Универзитетот Ал-Азхар да испрати свои претставници во Македонија за зајакнување на институционалната соработка, како и важноста на обука на имамите и проповедниците во сите сфери на образованието и исламско верските прашања.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *