Почетна Вести Заев на средба со ИВЗ: Владата ќе создава општество во кое ќе се почитуваат различностите
Заев на средба со ИВЗ: Владата ќе создава општество во кое ќе се почитуваат различностите

Заев на средба со ИВЗ: Владата ќе создава општество во кое ќе се почитуваат различностите

77
0

Премиерот Заоран Заев и ветил целосна поддршка на Исламската верска заедница од новата влада за затворање на сите отворени прашања низ дијалог и меѓусебни консултации. Премиерот, заедно со министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за правда Билен Саљији, за образование и наука Рената Тренеска Дескоска, за култура Роберт Алаѓозовски и Виктор Митевски, шеф на кабинетот на министерот за финансии, имале средба со делегација на Исламската верска заедница предводена од поглаварот Реис ул улема, Хаџи Сулејман ефенди Реџеп.

-Претставниците на Исламската верска заедница го поздравија работењето на новата влада и порачаа дека го подржуваат спроведувањето на реформските процеси за кои рекоа дека ќе донесат добро на сите граѓани од сите верски заедници во Република Македонија. На средбата се разговараше за повеќе проблеми со кои се соочува Исламската верска заедница и за можностите тие да се решат во рамки на законските прописи. Премиерот Заев истакна дека Исламската верска заедница ја има поддршката на Владата на Република Македонија во затворање на сите отворени прашања низ дијалог и меѓусебни консултации, стои во соопштението на Владата.

Претставнците на Исламската верска заедница се пожалиле на проблеми поврзани со негрижа на културно наследство, со узурпација на земјиште во сопственост на ИВЗ, одредени образовни и финансиски проблеми. Тие се надеваат дека низ системот на правната држава овие проблеми ќе бидат решени.

-На средбата се разговараше и за потребата од назначување на компетентни раководни кадри во Комисијата за верски заедници кои во иднина ќе ги застапуваат интересите на сите верски заедници во земјата. Заеднички беше оценето дека преку меѓусебна соработка, почитување на различностите, посветеност кон демократските принципи и заедничка работа ќе создаваме едно општество коешто ќе нуди еднакви шанси за сите граѓани, стои во владиното соопштение.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *