Почетна Вести Верски обреди во градика во Скопје, ИВЗ реагира
Верски обреди во градика во Скопје, ИВЗ реагира

Верски обреди во градика во Скопје, ИВЗ реагира

360
0

Децата кои ја посетуваат градинката „Блета“ во општина Чаир во Скопје учат како да практикуваат верски обреди од исламсата религија.

Ваквата ситуација стана позната во јавноста откако на социјалната мрежа Фејсбук биле поставени видео материјали и фотографии со кои се опишуваат активностите на децата во градинката.

Според фотографиите, кои беа објавени прво од косовскиот весник „Газета Метро“, децата учат и исламски верски ритуали, како молитви, намаз, ритуалите за aџилак и рецитирање на сури од светата книга Куран.

Неофицијални извори велат дека оваа градинка работи од 2014 година, а воспитно-образовниот процес не е ориентиран само на верски – модел, туку се учат и странски јазици, физички и рекреативни активности.

Откако веста се прошири по медиумите, од Фејсбук профилот на детската градинка „Пчела“ беа избришани  сите фотографии и видеа.

Министерството за труд и социјална политика презеде активност да провери дали градинката е регистрирана, кој стои зад неа, кое е службеното дејствие и врз која основа ги крши уставните одредби на секуларна држава.

Досега од Министерството за труд и социјална политика нема официјален одговор за теренска контрола.

Од општина Чаир, каде се наоѓа градинката, велат дека немаат сознанија за таква образовна институција.

Исламската верска заедница, пак, го осуди постоењето на ваква градинка.

Сулејман Реџепи, поглаварот на ИВЗ вели дека не се дозволени верски градинки во Македонија и дека на таквиот потег ќе се спротистави институционално.

Според Уставот, Македонија е секуларна држава, а верската настава не е дозволена во предучилишните паралелки и во основните училишта.

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *